8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликациите за Android ќе може да се користат без превземање

Апликациите за Android ќе може да се користат без превземање

andro apps

Од „Google“ најавија еден новитет за својот мобилен оперативен систем „Android“ – можност за користење на некои апликации без потреба за нивно симнување на телефон.

Оваа опција моментално е достапна само за мал број апликации, а користењето на апликации без нивно превземање би требало да му помогне на „Google“ во ширењето на доминација на пазарот за „online“ пребарување.

Имено, денеска се поголем број на корисници, наместо „Google“, информации бараат преку мобилните апликации – рецензии и производи се повеќе се бараат на „Amazon“, информации за ресторани на „Yelp itd.“, a помалку пребарувања со употреба на „Google“, значи и помала заработка за оваа компанија.

Поради тоа „Google“ ја претстави ова опција, како корисниците, на пример, со мобилната на апликација на „Google“ ќе бараат некој хотел, покрај класичните резултати од пребарувањето од интернет страницата ќе бидат прикажани и резултати од апликациите, како „Hotel Tonight“. Само со едно кликнување корисниците ќе можат да ја отворат оваа апликација и да резервираат соба, но притоа нема потреба да ја превземат апликацијата на својот телефон. На овој начин процесот на резервација е забрзан, а „Google“ ова го овозможи со стартување на апликациите на своите сервери и „video streaming“ на телефонот на корисникот. Моментално на овој начин можат да се користат само девет апликации како „Weather“, „New York Subway“, „Daily Horoscope“, споменатата „Hotel Tonight“ и други.

Покрај тоа што на овој начин е забрзано нивното користење, затоа што нема потреба од нивно превземање, вака се штеди и простор на паметните телефони, со оглед на тоа дека голем број на паметни телефони немаат дополнителни слотови за мемориски картички, а корисниците често се ограничени само на 16GB меморија што е премалку за апликации, фотографии, видео записи, музика и други содржини. Оваа опција моментално е достапна само за телефоните кои работат на „Android“, a од „Google“ велат дека подоцна ќе биде овозможена и на телефоните на „Apple“, но се уште не е познато кога тоа ќе се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП