15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer договара казна од 2-3% при неуспех на договорот со Allergan

Pfizer договара казна од 2-3% при неуспех на договорот со Allergan

allergan_pfizer_logos

Фармацевтскиот гигант „Pfizer“ води преговори со „Allergan“ за да договорат казна во износ од 2-3% во случај на повлекување од договорот за купување, што одговара на практиката, соопштува „Ројтерс“ врз основа на информации на запознаени извори. Преговорите за казна се знак на доверба дека спојувањето може да ги надмине регулаторните пречки.

Казна, која треба да биде платена од „Pfizer“, во случај да се откажат од договорот со „Allergan“, ќе е во опсег меѓу 3 и 3,5 милијарди долари од вкупната вредност на договорот во висина од 150 милијарди долари. Тоа ја прави една од најскапите казни во историјата во долари. Тие обично се врзани со големината на стекнување на компанијата. Според еден од изворите казна од 2-3% е на долната граница при слични трансакции.

Една од главните причини кои ги загрижуваат регулаторите околу спојувањето на „Pfizer“ и „Allergan“ е поврзана со седиштето на комбинираната компанија. „Pfizer“, со седиште во САД, може да се пресели во Ирска, каде е сместена „Allergan“, за да има корист од пониските даночни стапки. Т.н. даночни инверзии се причина за други зделки за спојување до моментов, но американското Министерство за финансии планира да ги ограничи.

Најголемата договорена казна до моментов е во износ од 10 милијарди долари и е за стекнување на 45-процентно учество на „Vodafone Group“ во „Verizon Wireless“ од страна на „Verizon Communications“ за сума од 130 милијарди долари.

Најголемата исплатена казна до моментов е во износ од 4 милијарди долари, кога стекнувањето на „T-Mobile“ од страна на „AT & T“ за 39 милијарди долари не доби одобрение од регулаторите во 2011-та година.

Извори, кои побарале анонимност поради доверливоста на преговорите, предупредија дека казната и други аспекти на договорот се уште не се финализирани и дека компаниите чекаат Министерството за финансии да ги открие ревидираните правила по инверзија.

„Pfizer“ се обидува да договори цена меѓу 370 и 380 долари по акција на „Allergan“, тврди друг извор. Акциите на „Allergan“ се тргуваат за околу 302,05 долари за готово, а оние на „Pfizer“ за 32,29 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП