28 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонски Телеком ќе исплати дивиденда во висина од 1,2 милијарди денари

Македонски Телеком ќе исплати дивиденда во висина од 1,2 милијарди денари

mk telekom 330

Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје на својата седница, одржана во петок, донесе Oдлука за распоредување на дел од акумулираната добивка на Друштвото во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Република Македонија во вкупен бруто износ од 1.240.660.224,00 денари за исплата на дивиденда.

Бруто износот на дивиденда по акција е 14,38 денари. Друштвото од бруто износот на дивиденда, доколку е применливо, при исплатата ќе ги задржи и уплати сите даноци, согласно со важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата.

Датумот на евиденција (пресек) на акционерска книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 07.12.2015 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 02.12.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 03.12.2015 година. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 18.12.2015 и 29.12.2015 година.

Македонски Телеком дополнително ќе ги информира акционерите во врска со деталите поврзани со исплатата на дивиденда, со соодветно известување на веб сајтот на Македонска берза, во медиумите, како и на својата веб страница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП