11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКБ Прво пензиско друштво АД Скопје - Награда за најдобар пензиски фонд...

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – Награда за најдобар пензиски фонд за 2015 во Централна и Источна Европа

composite_14480089851494

На свечена церемонија во Барселона, Шпанија одржана на 19.11.2015 година, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја доби престижната и посакуваната награда за “Најдобар Пензиски Фонд за 2015 година во Централна и Источна Европа” во организација на реномираниот финансиски магазин  IPE (Investment & Pensions Europe).

Јанко Тренкоски, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво, поврзано со наградата, изјави: „Наградата претставува исклучителен успех за нас и за реформираниот пензиски систем во Р. Македонија. Станавме дел од навистина компетентно друштво на наградени пензиски фондови од цела Европа. Во конкуренција на фондови од Романија, Латвија, Естонија, Полска, Хрватска, итн., го освоивме првото место. Ова е награда посветена на сите членови на фондот, наши сограѓани“

Друштвото, со ова уште еднаш докажа дека ги постави темелите на една успешна приказна, која ветува дека ќе продоложи да ја гради и во иднина.

composite_14480089851494

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП