„BMW Series 1“ ќе добие уште една верзија, стана познато на отворањето на саемот во Гуангжу, Кина. На саемот германската компанија го покажа концептот „BMW Compact Sedan Concept“, кој претставува седан верзија на покомпактниот модел.
Претставениот концепт е исполнет целосно во стилот поголемите седани на „BMW“, а ја демонстрира специјалната боја „Liquid Metal Bronze“, масивна двојна решетка на ладилникот, уникатно оформени отвори за воздух во предниот браник, „LED“ светла, симптоматски странична линија, хромирани рабови на страничните стакла , „LED“ светла позади, издувни цевки кои се интегрирани во браникот и друго.
Внатрешноста исто така го наследува дизајнот на најновите модели на „BMW“, па е опремен луксузно со кожа „Напа“, елементи од природно дрво и полиран алуминиум, „head-up“ дисплеј, панорамски стаклен покрив, 8,8-инчен дисплеј и друго. Исто така е употребено и спектакуларно амбиентно осветлување кое кореспондира везовите на седиштата.
Во моментов недостасуваат детални информации за димензиите на автомобилот, но се нагласува дека ентериерот демонстрира неочекувано голем просторност. Тој е со четири места, а пак задните две седишта се индивидуални.
Недостасуваат и податоци за погонскиот систем. Бидејќи „BMW Compact Sedan Concept“ е изграден на новата платформа „UKL“, можеме да очекуваме избор на мотори со 3 и 4 цилиндри. Стандардниот погон кај овие автомобили е на предните тркала, а исто така е достапен и системот „xDrive“.
Засега не е познато кога ќе стартвува производството на компактниот седан. Веројатно сепак тој ќе се нуди најмногу на пазарот во Кина, каде седаните се најпосакуваните автомобили.