8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei предвидува дека до 2020-та ќе пристигнат „супермобилни телефони“

Huawei предвидува дека до 2020-та ќе пристигнат „супермобилни телефони“

huv 3

Доколку ви се чини дека новите верзии на паметни телефони на најголемите производители наликуваат на претходните модели, можеби треба да причекате уште некоја година до новата голема генерација на смартфони.

Кинескиот технолошки гигант „Huawei“ предвидува дека до 2020-та година ќе добиеме супермобилни телефони, наследници на смартфоните. Супермобилните би требало да бидат кулминација во дигиталната интелегенција.

„Тој супермобилен ќе ја трансформира човековата перцепција, ќе го засили нашето искуство и ќе има таква интелегенција која на луѓето ќе им овозможува поголеми откритија. Ќе се поврзуваме со светот, но ќе биде и меѓуповрзан со напредокот во подобрата употреба на поголемите бази на податоци, сметајќи ги облак услугите и поврзувањето на сите работи со интернетот“, визионерски порачува Шао Јанг, претседателот за стратешки маркетинг на „Huawei“.

Тој тврди дека технолошкиот развој го имитира развојот на природата, кој се менува циклично. Јанг истакнува дека открил дека циклусите можат да се забележат и во развојот на смартфони, од чекорот на „Motorolа“ со повеќенаменскиот телефон на преклопување од 1995-та до првиот „iPhone“ на „Apple“ од 2007-ма година. Сега Јанг предвидува дека 12 години по првиот „iPhone“, светот ќе добие супермобилен.

„Huawei“ е голем производител на мобилни телефони и вложува во развојот на мобилната технологија во повеќе насоки, вклучувајќи ги и развојот на интерактивноста, виртуелната реалност, повеќенамеснките сензори, „big data“ анализите и пошироко. Технологија веќе премногу зачекори и во авто-индустријата, домовите и другите технолошки сфери во кои се движиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП