21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce повлекува само еден автомобил

Rolls-Royce повлекува само еден автомобил

2015-rolls-royce-phantom_100487202_h

И додека автомобилските гиганти како јапонска „Toyota“ или германски „Volkswagen“ изминатите години повлекуваа поради дефекти милиони автомобили, производителот на луксузни лимузини „Rolls-Royce“ објави дека од патиштата ќе повлече само еден единствен примерок.

Американската управа за безбедност во патниот сообраќај нареди на поправка да биде донесена лимузината „Ghost“ продадена во САД во 2014 година, поради проблем со воздушните перничиња.

Производителот објави дека воздушните перничиња на лимузината којашто чини 350.000 американски долари, ќе бидат заменети бесплатно.

Квалитетот на воздушните перничиња вградени во „Ghost“ е особено важен, поради блескавите перформанси на автомобилот кој го придвижува 6,6 литарски мотор.

И покрај тежината од 2,5 тони, лимузината забрзува до 100 километри на час за само 4,9 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250 километри на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП