25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft претстави како телефоните ќе се користат како компјутери (видео)

Microsoft претстави како телефоните ќе се користат како компјутери (видео)

pc komp3344444

Во новото видео кое го објави „Microsoft“ детално покажува како ќе функционира опцијата „Continuum“ со која ќе може смартфон да се поврзе со поголем екран и да се користи како „PC“.

Новата „Lumiа“ на „Microsoft“ ќе биде прилично сестран мобилен телефон, а една од најинтересните опции е „Continuum“ која ќе овозможи поврзување со монитор или телевизор и да може да се користи, токму како компјутер.

Со цел на мобилната верзија на „Windows 10“ да се користи „Continuum“ ќе биде потребен и мал додаток преку кој мобилниот ќе се поврзува со други уреди, a „Microsoft“ сега објави и повеќе детали за тоа како ќе изгледа и кога ќе може да се користи. Меѓутоа, сега дознавме дека корисниците ќе можат бежично да го поврзат уредот со друг екран со што практичноста на целата идеа ќе се подигне на повисоко ниво.

Видеото покажува како корисниците го поврзуваат телефонот на „Display Dock“ на кој се поврзани тастатура, глувче и монитор, а додека на пример работиме во „PowerPoint“ во исто време може да се користи и телефонот. „Lumiа 950“ и „950XL“ бежично ќе може да се поврзат преку „Miracast“ со други екрани кој го поддржуваат, а додека е поврзан со монитор или телевизор, екранот на телефонот може да послужи како „touchpad“.

Важно е да се напомене дека „Continuum“ работи со „Windows“ апликации и на него нема да може да се подигне класичен десктоп софтвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП