27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо иднина вака ќе купуваме користени автомобили (фото+видео)

Во иднина вака ќе купуваме користени автомобили (фото+видео)

carvana 22

Онлајн трговецот на користени автомобили „Carvana“ направи револуција при купувањето на автомобил со помош на една иновација – првиот автомат во светот со монети преку кој може да се купи возило.

Идејата на компанијата е да се поедностави процесот на набавка на автомобили и во исто време купувањето на автомобил да се претвори во неверојатно искуство за купувачот. „Carvana“ продава користени автомобили онлајн од 2013-та година.

carvana 23

Како и останатите сајтови во индустријата, компанијата им овозможува на клиентите да го прегледаат изборот од користени автомобили онлајн со помош на фотографии со висока резолуција и виртуелни прошетки од 360-степени. Откако ќе одлучат кое возило го сакаат, клиентите можат да го купат онлајн, а дури и потпишувањето на договорите се случува на интернет.

Потоа возилото се испорачува до вратата на клиентот или може да се подигне во продавницата на компанијата. Купувачите добиваат седумдневен тест период во кој можат да го вратат возилото ако не се задоволни од него.

carvana 24

Овој модел на онлајн шопинг му овозможува на „Carvana“ да работи со помалку вработени и со тоа ги намалува нејзините трошоци, а со тоа им заштедува и околу 2.000 долари на клиентите. Со новиот автомат за автомобили процесот на продажба на возила дури станува целосно механизирана акција.

Петкатната стаклена кула на компанијата во која може да се сместат до 20 користени автомобили во даден момент, се наоѓа на „Interstate 65“ во американскиот град Нешвил, Тенеси.

carvana 25

Клиентите ги купуваат автомобилите онлајн, како и досега, но сега може да ја добијат од автомат. При влегувањето во лобито на кулата тие добиваат преголема монета која ја ставаат во слотот. Паричката го активира автоматски процесот, при кој една машина се врти и го „зграпчува“ возилото, за да го достави пред купувачот. Сето ова е придружено со светлосно и звучно шоу.

За клиентите на компанијата, кои живеат надвор од Нешвил, но сакаат да го добијат новиот автомобил од автоматите, „Carvana“ дава 200 долари за авионски билети и организира превоз од аеродромот до објектот во Нешвил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП