26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна Македонскиот економски самит 2015(фото)

Започна Македонскиот економски самит 2015(фото)

aaa

Македонскиот Економски Самит во организација на Македонија2025 започна на 18 ноември со ден наменет за младите професионалци, а 19 и 20 ноември се официјалните работни денови на Самитот. Настанот се одржува по трет пат во Македонија и има за цел да ја поттикне и напредне дискусијата за економскиот развој, да ги претстави динамичните сектори и предностите на земјата.

aaa

Организаторот смета дека оваа година е многу важна за економскиот развој на земјата. Во изминатите неколку години дојдоа повеќе странски инвестиции, а во домашната економија се почувствува нова динамика. На ред е да се консолидираат домашните компании, односно да се поттикнат нови, понапредни и подинамични компании што ќе бидат проактивни во извозот на производи и услуги. Самитот, велат од Македонија2025, е силен бран што го продолжува континуитетот преку замислување како би изгледал натамошниот економски развој за нашата земја.

aab

На самитот ќе учествуваат околу 40 експерти од Македонија и 20 други земји, меѓу кои има навистина влијателни луѓе што се активно инволвирани во трансформативни процеси низ светот. Некои од нив се Томи Т. Ахонен кој е советник за мобилна телефонија на земји како Сингапур, Ника Гилаури кој како премиер на Грузија остварил значителни промени во земјата, Џон Битов кој е еден од најуспешните канадски претприемачи со македонско потекло, Хери Кремер, Професор по лидерство на Келог Школата за Менаџмент и други.

aac

На самитот ќе има 8 панел-дискусии, неколку  интерактивни настани за запознавање и поврзување и ден за спортски активности. „самитот е прекрасна можност да видиме што прават најдобите во светот и да научиме од нив„ – изјави Мајк Зафировски, еден од основачите на Македонија2025.

aad

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП