9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGS: Акциите на Apple може да поскапат за 43%

GS: Акциите на Apple може да поскапат за 43%

ags 33

Акциите на најголемата компанија во светот по пазарна капитализација – „Apple“, можат да поскапат за 43% во следните 12 месеци, според аналитичарите од „Goldman Sachs“, пренесува „CNBC“.

Според анализите објавени од финансиска институција, акциите на „Apple“ во моментов се тргуваат како на „хардверска компанија“ со сооднос цена-добивка од 11. Со претставувањето на услуги од страна на компанијата, како „Apple Music“, таа во многу поголема мера би требало да се тргува како компаниите „Google“ или „Facebook“, се вели уште во анализата.

„Финансиските коефициенти според кои се тргува „Apple“, се одразуваат на стравувањата на инвеститорите компанијата да не ја следи судбината на многуте хардверски компании, како „Motorola“, „Nokia“, „BlackBerry“ и „HP“. Ние сепак сметаме дека бизнис моделот на компанијата ја разликува значително од наведените компании и таа има многу малку врска со хардверските компании, отколку со оние кои обезбедуваат содржини и услуги“, пишува „GS“ до своите клиенти.

Во почетокот на годината акциите на компанијата беа погодени од забавувањето на растот во продажбата на смартфонот „iPhone“. И додека од банката се согласуваат дека доцнењето е присутно и ќе продолжи, од таму очекуваат базата на клиенти на компанијата да се зголеми до 700 милиони корисници во 2017-та година во однос на 500 милиони во моментов.

Од банката исто така потсетуваат дека корисниците на компанијата се многу лојални и потрошени се многу повеќе средства, во споредба со клиентите на опеаративниот систем „Android“ на „Google“. Во оваа година „Apple“ ќе генерира приход од 467 долари во просек на корисник на „iPhone“, наспроти 44 долари на корисник од „Google“ и 11 долари од „Facebook“.

Деновиве компанијата ја објави услугата „Аpple Music“, кој чини 9,99 долари месечно, а се очекува да пушти и „пребарување на видео“, што според „Goldman“ може да ги зголеми приходите на корисник до 150 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП