11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays повторно ќе добие казна за манипулација на девизниот пазар

Barclays повторно ќе добие казна за манипулација на девизниот пазар

barclays_35

Британската банка „Barclays“ ќе плати најмалку 100 милиони долари за решавање на судските спорови во врска со направени девизни манипулации. Казната е изречена од Њујоршкиот државен оддел за финансиски услуги.

Потсетуваме дека во мај финансиска институција беше санкционирана со сума од 485 милиони долари, повторно поради валутни манипулации. Банката мораше да плати и парични казни кон неколку американски институции, а вкупната сума изнесува 2,4 милијарди долари.

Претходно во текот на месецот „Barclays“ се согласи да плати и други 120 милиони долари поради обвинение дека учествувала во скандалот со манипулација на каматната стапка „Libor“, потсетуваат агенциите.

Според агенцијата за рејтинг „Moody’s“, трошоците на банките од почетокот на финансиската криза до сега за решавање на правните прашања изнесуваат близу 219 милијарди долари. Поголемиот дел од оваа сума е изречена на американски банки, а во рангирањето води „Bank of America“ со близу 70 милијарди долари. Но очекувањата се дека се повеќе трошоци ќе имаат европските финансиски институции.

„Во овој момент веројатно европските банки ќе бидат повеќе ранливи, бидејќи американските веќе презедоа поголемиот дел од залихи“, коментира Дејвид Фангер од „Moody’s“.

Последната казна која „Barclays“ ќе треба да ја плати, е помала од изречената во мај, бидејќи обемот на спорните трансакции е помал. Но однесувањето на финансиска институција треба да се преиспита, бидејќи се смета дека банката намерно сака да добие нефер предност пред своите клиенти и изведувачи, користејќи платформата за валутна трговија.

Еден од фокусот на последната казна е системот на „Barclays“ за поддршка на трансакции во последен момент, ако на пазарот се движи против банката, познат како „краен преглед“. Од „Barclays“ одбиваат да дадат коментар.

Претходно овој месец Британската служба за истраги на големи измами (SFO) го започна првиот криминален процес за манипулација на индексот „EURIBOR“, а меѓу обвинетите има и вработени на „Barclays“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП