7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini презеде изненадувачки потег (фото)

Lamborghini презеде изненадувачки потег (фото)

lamb mali

Додека повеќето производители при обновувањето на своите модели ја зголемуваат нивната моќ, компанијата „Lamborghini“ избра друга насока. На саемот во Лос Анџелес производителот на спортски машини ќе покаже послаба верзија на суперавтомобилот „Huracan“.

Автомобилот го добил индексот „LP 580-2“. Тој е само со заден пренос и тоа го прави полесен од оригиналната верзија која располага со систем за погон на сите четири тркала. Новата верзија на „Huracan“ е опремена со 5,2-литарски „V10“ мотор, чија моќ е намалена од 610 на 580 КС.

lamb mali1

Суперавтомобилот тежи 33 килограми помалку од оригиналот и забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди или за 0,2 секунди побавно од верзијата со 4х4. Максималната брзина е исто така намалена – од 325 на 318 км/ч.

lamb mali2

За модификација со заден пренос се подесени и режимите на работа на агрегат („Strada“, „Sport“ и „Corsa“), променети се поставките на управувањето, како и на системот за стабилизација и контрола на тракцијата. Машината е со променети пружини, амортизери и стабилизатори.

lamb mali3

Во промените во изгледот засегнати се предните отвори за воздух, кои помагаат за зголемување на моќта на пристискање. За оваа верзија се нудат 19-инчни тркала кои се специјално создадени за возилото, како и гуми „Pirelli“. Како опција се достапни и 20-инчни бандажи.

lamb mali4

Сите овие промени се одразуваат и на цената на возилото. Во Европа „Lamborghini Huracan LP 580-2“ ќе чини 150.000 евра. Тоа е за 19.500 евра помалку од основната верзија на суперавтомобилот со погон на четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП