12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОткажани 933 лета на Lufthansa поради штрајк

Откажани 933 лета на Lufthansa поради штрајк

lufthansa pilotii

Авиокомпанијата Lufthansa откажа 933 лета на три главни аеродромa во Германија, откако пропаднаа напорите на управата да го запре штрајкот на кабинскиот персонал.

Со откажување на летовите на оваа компанија погодени се 107.000 патници кои требало да патуваат од Франкфурт, Минхен или Диселдорф.

Lufthansa, од почетокот на штрајкот во петок, откажа 3.700 летови со што беа погодени 443.000 патници.

Синдикатот на кабинскиот персонал UFO, со штрајкот сака да обезбеди отпремнини за околу 19.000 свои членови доколку заминат во пензија во случај на раскинување на договорот со компанијата, која пак се обидува да ги намали трошоците на работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП