24 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако да отстраните апликации од вашиот смартфон?

Како да отстраните апликации од вашиот смартфон?

otstranuvanje apps

Голем број на луѓе денеска користат „Android“ смартфони. Како што веќе знаете, во нив се наоѓаат и некои веќе инсталирани апликации, многу од нив од „Google“, иако има и од оние апликации кои производителите упорно ги форсираат.

Некои од нив не се воопшто корисни за одреден број на корисници. Меѓутоа, сега тие многу лесно може да се отстранат. Интернет страната „Tech Viral“ пронајде едно многу лесно упатство, кое дури не бара ниту „root“ телефон!

Прочитајте во продолжени како тоа да го направите. Методот е многу едноставен.

– Најпрво, активирајте ги програмерските опции на вашиот „Android“ телефон. Отворете Settings > About Phone > Build Number (притиснете од 7 до 10 пати со цел опциите да се активираат).

– Сега можете да ги погледнете програмерските опции во рамки на „Settings“ апликацијата. Кликнете на нив за да можете да ја активирате „USB Debugging“ опцијата.

– Време е да ја превземете и инсталирате „Debloater“ алатката на вашиот „Windows“ компјутер кој ќе ви помогне да ги отстраните системските апликации од вашиот телефон.

– Поврзете го телефонот со компјутер преку „USB“ кабел и почекајте алатката (програмата) да го детектира телефонот.

– Кога телефонот е детектиран, програмот ќе ги скенира сите апликации кои моментално се инсталирани на уредот.

– Обележете ги апликациите кои сакате да ги отстраните од уредот и потоа кликнете на „Apply“. Ќе ги блокирате сите обележани апликации.

– Доколку сакате апликацијата повторно да ја користите, повторете ја постапката и отстранете ја ознаката пред името на апликацијата.

Тоа е тоа . Апликацијата ќе биде отстранета од уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП