„Wiesmann“ се враќа на пазарот, откако пред една година падна во стечај и прогласи банкрот.
Враќањето на германската марка ја најави лично основачот на „Wiesmann“, Фридхелм Вајсман и откри дека новите сопственици се двајца Британци – Бери и Анита Таталович.
Според информациите купувањето на брендот е веќе финализиран, а новите сопственици планираат да продолжат со производство во најкус можен рок.
Во моментов нема други детали околу зделката. Не е јасно и кои модели на „Wiesmann“ ќе се вратат во производство.
Последниот модел на спортската марка користејќи автомобили на „BMW“ како основа на своите машини, беше прикажан во Женева во 2013-та година. Тоа е „GT MF4-CS“, создаден во чест на 25-годишнината на „Wiesmann“.
„Wiesmann“ е основана во 1985-та година во Долман, Германија, од браќата Мартин и Фридхелм Вајсман. Првично компанијата произведуваше тврди покриви за кабриолети од други брендови. Првиот произведен автомобил на „Wiesmann“ се појавува во 1993-та година. Компанијата склучува договор со „BMW“ кои испорачуваат мотори и менувачи за сите нејзини модели.