9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G5 ќе има метално куќиште?

LG G5 ќе има метално куќиште?

lg 5 g serija

Петтата генерација на премиум моделот од „G“ серијата на „LG“ се очекува да е со метално куќиште, според гласините кои се појавија на интернет.

Ако тоа се покаже како вистина, тогаш најверојатно ќе бидеме сведоци на првиот модел од оваа серија со метално тело, по четири генерации со пластични тела на уредите.

Решението очигледно е мотивирано од извонредниот успех на смартфоните од највисока класа со метално тело и нивната силна побарувачка од потрошувачите. Водечките имиња во луксузниот сегмент кај смартфоните, како „Apple“ и „Samsung“, вложуваат повеќе на металниот дизајн.

Се очекува моделот „LG G5“ да биде претставен во првиот квартал од следната година, речиси во исто време како седмата генерација на популарниот модел „Samsung Galaxy S7“. Многу малку потоа тој се очекува да стане достапен за корисниците.

Во однос на останатите технички карактеристики, се очекува 5.6-инчен 4К-дисплеј со стакло „Corning Gorilla Glass“. Процесорот најверојатно ќе е осумјадрен со фреквенција од 3 GHz, како и оперативна меморија од 4 GB. Задната камера се очекува да е подобрена до 20-мегапиксели, наспроти 16-те кај последниот модел, а предната ќе има резолуција од 10 мегапиксели.

Многу е веројатно смартфонот да се отклучува со препознавање на ирисот на корисникот. Батеријата исто така се очекува да е подобрена до 4.000 mAh. Уредот ќе излезе на пазарот во април по цена од 900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП