ПочетнаКОМПАНИИТиквеш забележа раст на вкупните приходи од 9% во третиот квартал

Тиквеш забележа раст на вкупните приходи од 9% во третиот квартал

tikves 333

Заклучно со третиот квартал во 2015-та година, вкупните приходи на винаријата „Тиквеш“ бележат раст од 9% односно зголемување за 63 милиони денари.

Растот се должи на зголемувањето на приходите од домашен пазар за 8%, односно за 35,2 милиони денари и зголемувањето на приходите од странски пазари за 10%, односно за 27,8 милиони денари.

Трошоците на продадени производи се повисоки за 13% и резултираат со бруто добивка на износ од 273,9 милиони денари, односно пораст од 3%. Оперативната добивка е зголемена за 34%, односно за 19,3 милиони денари што е ефект од намалувањето на административните трошоци и останатите расходи од работењето за 3,7%.

Финансиските расходи се намалени за 2,7 милиони денари.

Нето добивката пред оданочување во износ од 25,7 милиони денари претставува забележително повеќекратно зголемување, односно пораст од 21,4 милилони денари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП