6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAthena – уредот кој ќе спасува животи! (видео)

Athena – уредот кој ќе спасува животи! (видео)

athena 01222222

„Athena“ е наменет првенствено за жени кои во случај на напад, преку него може да активираат аларм и автоматски да испраќаат пораки за локацијата.

Ова е едноставен уред кој има голема мисија, а тоа е да се спасат жените од напаѓачи и криминалци, вака „Athena“ е опишната на страната „IndieGoGo“ на која уште девет дена ќе биде достапен за нарачка.

Станува збор за мал уред кој може да се прикачи за чантата, ѓердан, облека и слично, па потоа да се поврзе со телефон (и соодветна апликација) преку „Bluetooth“, a во случај на напад жртвата да го активира со притискање на копчето во траење од три секунди. Притискањето може автоматски да активира аларм и „LED“ светло со кое треба да се привлече вниманието на луѓето кои се во непосредна близина, односно да го исплаши напаѓачот, а со притискањето на копчето и автоматски се испраќаат пораки на пријателите кои претходно се одбрани внатре во апликацијата.

Исто така, може да се избере и тивок аларм кој само ќе ги извести пријателите за нападот, без звучни и светлосни сигнали, а покрај повикот на помош, овој уред испраќа и „GPS“ координати, така што веднаш е позната и локацијата на нападната личност.

На идеата за овој уред извршната директорка на компанијата „ROAR for Good“, Јасмин Мустфа ја добила за времe на патувањето низ земјите во Јужна Америка во кои запознала голем број на жени кои во минатото биле нападнати, а на неговиот развој соработувале со полицијата и со експерти за безбедност.

Со цел да се спрачи случајно притискање на копчето на овој уред и активирање на алармот, истото е малку влабднато, а покрај тоа што може да се носи на облеката, чантата или слично, овој уред е со доволно мали димензии, па така во некои „сомнителни“ ситуации, може да се носи и во рака со цел побрзо да се активира.

Кога стартуваше кампањата на страницата „IndieGoGo“, целта на оваа компанија беше да се соберат 40.000 долари, но нарачките веќе надминаа 215.000 долари, што доволно говори за побарувачката за вакви уреди за заштита.

„Athena“ доаѓа во три бои, а стартот на испораката на овој уред е најавен за следната година, најверојатно напролет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП