8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте свеста кај купувачите за поквалитетна градба на станови

Расте свеста кај купувачите за поквалитетна градба на станови

adora

Изградбата на станбени објекти речиси секогаш била тема за дискусија во метрополата. Купувачите не секогаш се задоволни од квалитетот на градбите, затоа што некои од изведувачите се обидуваат со поефтини материјали и работна рака да заштедат на сметка на заработката. Иако досега имало многу случаи на револтирани граѓани кои купиле стан а не добиле ништо од тоа што им било ветено, во последно време, токму кај купувачите се крена стандардот за тоа, што точно сакаат да имаат во својот дом. За да одговорат на желбите на купувачите, компаниите што ги градат зградите почнаа во објектите да имплементираат квалитетни материјали кои ќе ги задоволат стандардите за нормално живеење на едно семејство.

 

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Во главниот град, почнаа да се применуваат високи стандарди кога станува збор за градењето на зградите и на објектите за индивидуални домувања. Граѓаните повеќе не сакаат за своите пари да добиваат половично изградени станови и куќи во кои се применувале ефтини материјали, кои за помалку од една година ќе дадат знаци на нефункционалност и низок квалитет. Водејќи се од народната поговорка „добриот глас далеку се слуша, но лошиот уште подалеку“, и градежните компании започнаа да имплементираат поквалитетни материјали, за на купувачите да им понудат производ за кој тие ќе зборуваат уште многу откако ќе го купат и ќе се вселат во објектот.

Неодамна во општината Аеродром и официјално беше пуштена во употреба новоизградена зграда, во која изведувачот користел висококвалитетни материјали од познатата компанија „Рехау“. Првовселените со воодушевување разговараа за квалитетот на станот, но уште повеќе беа задоволни поради имплементираните прозорци, водоводни системи и систем за греење.

Финансиите се многу важен сегмент од секојдневното живеење, па при купување стан за граѓаните е најважно тие да се енергетски ефикасни. Притоа, фасадата на еден објект игра голема одлучувачка улога. Имено, колку објектот е подобро изолиран, толку помалку енергија е потребна за затоплување на просториите. Енергетско ефикасните прозорци, како срцевина на целата фасада, имаат не само одлучувачки удел за намалување на трошоците за енергија, туку и за заштита на животната околина.

prozor

“При изградба на еден објект, прозорците се еден сегмент кој во голема мера влијае на енергетската ефикасност на објектот. Кога велиме енергетска ефикасност по влијание прозорците, мислиме на заштеда на топлина. Прозорците изработени од нашиот висококвалитетен профил „генео“ обезбедуваат максимално зачувување на топлината а со тоа заштеда на енергија за греење. Истовремено се исклучително стабилни а воедно обезбедуваат заштита од надворешна бучава како што се возила, музика од локали во близина, што во многу придонесува за мир и тишина во домот. Нивната површина пак, изработена од висококвалитетен слој, обезбедува стабилност на бојата и отпорност на надворешни влијанија, од сонце, ветар, дожд…”, вели Сашко Даев, раководител на продажно биро на „Рехау“ во Македонија и ракодоводител на оддел за прозорска техника за регионот Македонија, Косово и Албанија.

 

ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Квалитетот на водата има значајна улога за нашето здравје. Ние сметаме дека таа доаѓа хигиенски чиста низ нашите славини. Но за жал, тоа не е секогаш така. Добавувачите на вода за пиење, односно водоводните претпријатија се одговорни за квалитетот на водата само до местото каде таа се приклучува на куќата. Последните метри од водоводната инсталација пред славината се одлучувачки за квалитетот и чистотата на водата. Од тие причини во новоизградените објекти наголемо почна да се употребува водоводниот систем „Раутитан“ од компанијата „Рехау“. Овој систем обезбедува долготраен квалитет на водата за пиење во домот.

“Висококвалитетните цевки од „Пекс а“ материјал и уникатната техника на спојување дополнитело гарантира отсуство на несакани дефекти со што истовремено е одличен избор од аспект на заштеда на средства за реновирање”,  потенцира Даев.

cev

Позитивните ефекти се чувствуваат и со примена на модерниот систем за греење од истоимената компанија. За разлика од традиционалните начини на греење, каде се загрева воздухот во просторијата во која престојуваме, со површинските системи за греење од „Рехау“ се загреваат површините во просторијата, односно подот, ѕидовите и таванот. Истите површини потоа зрачат, а не „дуваат“ топлина и така обезбедуваат рамномерна распределба на топлината и пријатен престој при што нашата глава останува бистра. Сето ова обезбедува благосостојба и но и значително заштедува енергија, бидејќи површинските системи за греење работат на пониска температура од традиционалните начини на греење, а поради тоа е потребно помалку енергија и помалку трошоци за загревање. Рамномерната распределба на топлина, спречува создавање на ладни точки кои можат да предизвикаат создавање мувла.

uuu

Граѓаните кои во своите домови го имаат инсталирано овој систем на греење велат дека најдобро од се е тоа што истиот не може да се забележи во просторијата, а сепак грее. Со тоа се добиваат многу можности за уредување на просторот и собата не изгледа преполнето.

 

ВИСОК КВАЛИТЕТ НА СТАНОВИТЕ

Имплементирањето на ваквите системи неминовно води до нешто повисока цена на становите во однос на оние каде се користени поевтини но и неквалитетни материјали. Од компанијата велат дека независно од цената, купувачите но и градежните компании наголемо се заинтересирани да ги имплементираат овие производи затоа што најважен е крајниот резултат, а тоа е задоволството на купувачот.

“Можеме да констатираме дека согласно квалитетот што го нудат, нашите производи се генерално повисоко позиционирани во однос на цената. Сепак, последните години свеста за тоа што ние како компанија го нудиме на пазарот – квалитетен живот со квалитетни производи во градбата се зголемува како кај приватните инвеститори така и кај компаниите кои се занимаваат со изградба на станбен и деловен простор”, вели Даев.

Според него, обичниот човек се повеќе започна да посветува внимание на тоа што нуди објектот во кој тој треба да живее.

“Од она што го добиваме како повратна информација од нашите партнери, пред се градежните компании, како што се „Голден Арт“, „Настел“ и „Адора“ со кои успешно соработуваме, е дека луѓето кои купуваат станови се повеќе прашуваат за тоа што е инсталирано во објектот за кои се заинтересирани и тоа е многу важно. Обичниот човек во Македонија, но и во регионот се повеќе сака да ги почитува сигурноста, довербата и подршката која ја добива од нас како компанија и на тоа сме посебно горди”,  заклучува Даев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП