18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Focus RS станува најбрзиот хечбек на планетата

Ford Focus RS станува најбрзиот хечбек на планетата

rsce

„Ford“ работи на нова верзија на хечбекот „Focus RS“, која ќе биде полесна и побрза од оваа. Таа треба да стане и најбрзиот хечбек на планетата, тврди „Autocar“, повикувајќи се на свои извори.

Главните напори на инженерите на компанијата беа фокусирани на намалувањето на тежината на возилото. Тоа ќе добие стакла од поликарбонат, каросерија од карбон, суспензија од алуминиум и карбон сопирачки. Хечбекот ќе биде лишен од дел од звучна изолација и елементите во кабината, што ќе овозможи неговата тежина да биде намалена за 100 килограми.

rsce1

Моторот на автомобилот сепак нема да претрпи измени, бидејќи во „Ford“ сметаат дека 2,3-литарскиот „EcoBoost“ е доволен за овој автомобил. Тој развива 350 КС и 440 Нм, а со помош на функцијата „overboost“ за 15 секунди вртежниот момент отскокнува до 470 Nm.

Малата промена на „Focus RS“ ќе доведе до опрема за електронски контролиран преден диференцијал и автоматски менувач „Powershift“. Таа, сепак, ќе биде преработена главно, за да може да се стави на моделот.

rsce2

Претходната генерација на „RS“ исто доби помоќена и побрза верзија. Таа ја имаше ознаката „RS500“, а беше опремена со 2.5-литарски бензински мотор со 5 цилиндри. Овој мотор беше користен и при стандардниот „Focus RS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП