10 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.11.2015

Дневен хороскоп 16.11.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можеби премногу се трудите да направите нешто. Си создавате нервоза и малку уживате во животот. Опуштете се малку, отргнете се од работењето и забавувајте се со вашите пријатели без размислување.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес би можеле да влезете во конфликт со личност од спротивниот пол. Ви се чини дека таа личност намерно поставва препреки пред вад и вашиот напредок. Наместо големите расправии обидете се да го промените мислењето и пристапот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е еден многу динамичен ден. Чувствувате дека е потребно вашата енергија да ја насочите во еден крупен проект. Иако сте личност која повеќе сака да филозофира отколку да работи, денес ќе ги завртите ракавите и ќе се фрлите во акција.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Дали некогаш за себе сте размислувале како за водич? Денес е одличен ден да ги преземете работите во ваши раце. Започнете некој проект во кој вие ќе имате главен збор. До израз ќе дојде вашата силна страна како и харизмата која ве краси. Само храбро, ова е нов почеток во вашиот живот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Постојат многу напнатости во воздухот околу вас. Можеби ви се чини дека никој не ве слуша и сите само ви ја исцрпуваат енергијата. Ќе делувате дефанзивно и на моменти прилично луто и агресивно. Веројатно досега блиските лица не ве виделе во такво светло, па нивните реакции ќе бидат различни.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во себе носите дарба за решавање и смирување на луѓето во кризни ситуации. Ако ова не е дел од вашата работа би требало да размислите како да заработите пари од овој ваш талент. Планетарната енергија ќе ве упати на конкретно размислување за тоа прашање.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вие сте специјалист кога станува збор за врските. Имате посебна енергија кога се во прашање вашите односи. Денес сепак би можеле да дојдете во ситуација да се запрашате дали блиските лица ве сакаат помалку од претходно. Можеби како прашање ќе ви звучи чудно, но во тоа се крие нешто подлабоко.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обично сте полни со енергија, но денес ќе почувствувате дека таа изостанала. Не се грижете поради тоа. Ќе имате повеќе време да си го посветите на себе и на своите желби и потреби, особено кога станува збор за љубовта.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не ви е лесно да дојдете до своите цели. Ниту денес нема да ви биде полесно. Веројатно ќе се чувствувате разочарано од својот живот и насоката во која се движите. Ќе ви биде многу полесно доколку се запрашате дали живеете на начин кој ве води до остварување на целите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Чувството на одговорност е катализатор на вашата мотивација. Но што се случува кога ситуацијата ќе излезе надвор од вашата контрола и вие не можете да направите ништо за да го промените тоа. Понекогаш едноставно морате да си признаете дека не можете да контролирате се околу себе, особено не семејството и пријателите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес би било пожелно малку да запрете кога станува збор за вашата работа. Земете си доволно слободно време и простор за да согледате на кого точно можете да му верувате, а на кој не кога станува збор за кариерата. Бидете внимателни, некој ви крои злобни нешта зад грбот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес запрашајте се колку работата со која се бавите ве интересира и радува. Дали таа ги исполнува вашите длабоки желби. Ситните проблеми на кои наидувате веројатно се одраз на вашето незадоволство. Размислете што би требале да промените со цел да се промени и енергијата околу вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП