4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајмалиот компјутер во светот (фото+видео)

Најмалиот компјутер во светот (фото+видео)

mal pc

Овој компјутер може да се вклопи во вашиот џеб. Според „CNBC“, финската компанија „Solu“ го има создадено досега најмалиот компјутер во светот кој бил понуден на пазарот.

Неговата форма е квадратна со должина од 10 см и дебелина од 1,2 см. „Solu“ има свој оперативен систем базиран на „Linux“.

mal pc1

Уредот се нуди по цена од 349 евра на сајтот за групно финансирање „Kickstarter“ каде „Solu“ ја достигна целта од 200.000 евра финансирање.

„Solu“ има 4-инчен екран и 2.3 GHz процесор. Од компанијата веќе започна и со продажба на специјалната рачноизработена тастатура, направена од дрво по цена од 150 евра. Тастатурата сепак не може да биде купена без уредот.

mal pc2

Првите испораки на компјутерот и тастатурата се очекуваат во јануари 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП