26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat почнува да се откажува од своите проекти

Seat почнува да се откажува од своите проекти

s kross 001

„Seat“ нема да го пушти во сериско производство концептниот модел „Leon Cross Sport“. Неговото излегување на пазарот беше предвидено за следната година, но на крајот нема да се реализира, соопшти главниот дизајнер на брендот Анхел Лаос.

s kross 002

„Подготвени сме целосно со овој автомобил и имаме можност да го пуштиме уште утре, но тоа нема да се случи. Целта со неговото создавање беше да провериме дали имаме можност да направиме таков модел. И успеавме“, коментира Лаос.

s kross 003

Дизајнерот додаде дека одбивањето од моделот не е поврзан во никој случај со „Дизелгејт“. Според медиумите сепак причината е токму оваа. Се очекува да се намали сериозно износот од 3,3 милијарди евра, која Концернот имаше намера да ја инвестира до 2019-та година во нови модели на „Seat“.

s kross 004

Самиот „Leon Cross Sport“ беше прикажан на саемот во Франкфурт во септември оваа година. Прототипот со тло 195 мм ќе добие 2,0-литарски бензински турбо мотор со 4 цилиндри и моќност 300 КС. Овој агрегат се наоѓа во „VW Golf R“.

Теренецот на Шпанците е опремен и со систем за погон на сите четири тркала, а со 6-брзинскиот автоматски менувач со две спојки забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,9 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП