20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа светот му се заканува рецесија!

На светот му се заканува рецесија!

global-recession

Има сериозна опасност глобалната економија да западне во рецесија, предупреди во едно интервју економистот Алваро Переира од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Единствениот начин да се спротистават на новата криза, е да се зголемат инвестициите, коментира економистот.

Во текот на неделата организацијата драстично ги намали прогнозите за светската економија и изрази огромна грижа за развојот на светската трговија.

„Ние ја намаливме прогнозата за светскиот раст од последните месеци, најмногу поради два фактори. Првиот од нив е дека растот на светската трговија се забавува и е прилично под нивото од претходните години. За оваа година се појави раст од околу два проценти. А во сите претходни случаи, кога светската трговија била под два отсто, светот бил во рецесија. Се разбира, ние не велиме дека во моментов сме во рецесија. Во последните 50 години, сепак тоа се случило пет пати“, коментира Переира.

Вториот фактор, според економистот, е доцнењето на економиите на пазарите во развој.

„Реално имаме рецесија во Бразил, каде што економијата се намалува со три проценти. Исто така имаме и рецесија во Русија, каде што падот во економијата е уште поголем – 4%. Не смее да се потценува и она што во моментов се случува во кинеската економија. Таа исто така забавува“, нагласува експертот.

Според Алваро Переира сето тоа доведува до намалување на стоковата размена.

„Само ќе забележам дека увозот во Бразил е намален за 10%, а пак во Русија е 20% помалку. Во Кина исто така има драматично намалување. Всушност, околу една третина од намалувањето доаѓа поради статусот на кинеската економија. Затоа гледаме сериозно на намалувањето на светската трговија“, коментира тој.

Во комбинација со тоа во развиените економии нема доволно инвестиции.

„Тоа не тера да мислиме дека до крајот на 2015-та и во почетокот на 2016-та година, работите нема да одат во добра насока. И уште поважно е дека ризиците за испаѓање во рецесија се зголемуваат“, заклучува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП