3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОваа апликација овозможува бесплатен интернет! (видео)

Оваа апликација овозможува бесплатен интернет! (видео)

apli 333

Апликацијата „WiFi Master Key“ e направена така што на поголем број на луѓе им овозможува бесплатен пристап на интернет. Ова „Android“ апликација всушност овозможува поврзување на „hotspot“-ти на други луѓе на кои им е вклучена опцијата за споделување на интернет.

„WiFi Master Key“ функционира така што на екранот прикажува достапни „hotspot“-ови на други корисници на кои може да се поврзе. Синиот клуч покрај мрежата означува дека е можно поврзување со едно кликнување, дури и ако не е позната лозинката.

Со кликнување на неа телефонот автоматски ќе се поврзе и ќе ги користи податоците за пренос на лицето кое се одлучило со други луѓе да го сподели својот интернет. Конекцијата е заштитена, па така никој неможе да прислушкува.

Во денешно време речиси секој смартфон може да се претвори во рутер (hotspot), но оваа апликација тој процес значително го олеснува и забрзува.

„WiFi Master Key“ во себе има вграден и режим за чување на батеријата, како и детектор на сигнал кој ќе го утврди местото на кое сигналот е најсилен.

Оваа апликација ја направи „start-up“ комапнија од Шангај, а за кратко време стана многу популарна меѓу корисниците во Азија. Исто така, таа ќе станува се подобра кога се поголем број луѓе ќе ја користат, односно што поголем број на луѓе ќе го споделуваат својот интернет со други корисници.

„WiFi Master Key“ е бесплатна за превземање од „Google PlayStore“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП