Иако се чини дека се фотографирани некаде на некој голем плац за половни возила, вистината е многу поинаква, и за сите љубители на „BMW“ не сосема пријатна.
Ако за момент помисливте дека на воведната фотографија се наоѓаат веќе искористени „BMW“ возила кои што некој ги подготвува да ги испорача на авто-плац за понатамошна продажба, навистина сте се излажале.
Всушност, оваа фотографија е направена во внатрешноста на центарот за рециклирање на BMW, каде што пристигаат веќе користените модели (повеќето во сосема исправна состојба), кои што потоа се демонтираат, а нивните материјали се користат во понатамошното производство.
Како што на видео записот може да се види, најпрво се активираат воздушните перничиња, а потоа се празнат течностите и на крај настапува „кубењето“, за после тоа да се направи пресувањe и пакување на каросеријата.
Помалку тажно, зарем не, особено имајќи предвид какви се возила се уште се возат на овие простори?