4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа сите ни е потребен Big Boy!

На сите ни е потребен Big Boy!

bigboy 330

Живееме во урбан свет, а брзото животно темпо кое ни е наметнато на нас, не може секој уред да го следи. Затоа, доколку си силен како „BIG BOY“, тогаш си важен! Големото (BIG) и силно момче (BOY) може да го промени вашиот живот, да ве направи среќни и задоволни.

Coolpad Big Boy“ e голема екстерна батерија со капацитет од 10.400 mAh, чија ефикасност и автономија се многу поголеми и подолги, отколку кај класичните батерии. „Big Boy“ одлично изгледа, голем е, брз и се грижи за заштитата, но и многу поволен – околку 30 евра! Па така, големото задоволство сега не ви е недостижно.

„Big Boy“ ја користи водечката „2A“ брза технологија за самополнење и потребни му се шест часа во целост да се наполни. Шест часа на минимална енергетска потрошувачка, ви нуди слобода да го наполните телефонот „Coolpad Porto“ (1800mAh) четири пати, смартфонот „Coolpad Modena“ (2500mAh) до три пати или таблет (4490mAh) два пати. „Big Boy“ не е компатибилен само со „Coolpad“ смартфоните, туку и со телефоните на другите производители и уреди, како што се: таблети, дигитални камери, играчки конзоли и слични уреди.

„Big Boy“ не е наменет само за лична употреба, туку можете да го споделите со пријателите и членовите на семејството. „Big Boy“ има 2 USB интерфејси кои можат да полнат два производи, мобилен телефон и таблет, во истовреме.

bigboy 331

„Coolpad Big Boy“ има убаво алуминиумско куќиште, тенко и со цилиндричен дизајн, произведено во „CNC“ процесот. Убавината и фактот дека добро лежи во рака, го прават вистинско задоволство поседувањето на „Big Boy“. Овој уред е достапен во шампањ и сребрена боја.

Не само што е голем, туку е и грижлив, па така „Big Boy“ користи 10 видови на заштита: заштита од прегревање, пренапонска заштита, струјна заштита, систем од пренапонска и струјна заштита, заштита од прекумерно полнење/празнење на батериите, заштита од струен удар, заштита од прекумерен капацитет, автоматска детекција на оптеретување, заштита од спротивни полови и заштита од електростатичко празнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП