4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube ја лансираше својата прва музичка мобилна апликација (видео)

YouTube ја лансираше својата прва музичка мобилна апликација (видео)

YouTube-to-Launch-Streaming-Music-Service

Видео порталот „YouTube“ е еден од најпопуларните начини за слушање и откривање на бесплатна музика на интернет. Компанијата ќе се обиде да го искористи тоа преку новата апликација „YouTube Music“ што веќе е достапна за „Android“ и „iOS“.

„YouTube Music“ е создадена со идејата „музиката никогаш да не престане“ и да помага за премиера на нови изведувачи. Апликацијата е бесплатна со реклами. Има и опција да се активира платена претплата преку услугата „YouTube Red“, објави изданието „The Verge“.

Со апликацијата може да се бараат, како оригиналите на 30 милиони песни, така и концертни настапи и дури караоке верзии. Корисниците имаат можност да бараат и клипови со чија помош се учи како се свири на одреден инструмент. Пребарувачот на апликацијата е дизајниран да покажува само резултати, кои се поврзани со музика, а било друга содржина да се пропушти.

„YouTube Music“ не може да се користи за создавање на „плејлиста“. Оваа функција останува за „Google Play Music“. Апликацијата на видео порталот автоматски ќе генерира секојдневни листи, во кои ќе бидат содржани омилени песни на корисникот, како и нови предлози кои може да му се допаднат.

Компанијата сака апликацијата да не е замена за оригиналниот начин на кој се слуша музика, а туку да се прилог и помошник во моментите кога се во движење или само сакаат да се опуштени. Апликацијата веќе е достапна за потрошувачите во САД, а се очекува постепено да се појави и во други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП