27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Ај Кју“ победници на фестивалот „Скопје 2015“

„Ај Кју“ победници на фестивалот „Скопје 2015“

aj-kju

Групата „Ај Кју“ се победници на годинешното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“.

Младите изведувачи ја освоија и највисоката парична награда во износ од 600 илјади денари

Победниците на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“ групата „Ај Кју“ ја изведоа песната „Убава“,  која доби најмногу гласови од телевоутингот и стручното жири, според евровизискиот принцип на гласање.

Втората награда отиде во рацете на Симона Попоска со песната „Сеедно е“, дело на Горјан Стојановски и Никола Автовски, која освои парична награда од 450 илјади денари.

Додека на третото место се пласира Сара Мејс, со песната „Градина од цреши“, која е нејзино дело и освои парична награда вредна 300 илјади денари.

Наградата за животно дело и придонес во создавањето и афирмирањето на Скопскиот фестивал, а со тоа и на македонската музичка историја, оваа година МРТ му ја додели на композиторот, интерпретатор и музички продуцент, Славе Димитров. Во негова чест, повеќе пејачки заедно со детски хор ја изведоа песната „Во светот на бајките“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП