25 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗХанделсблат и Дејли Телеграф го наградија брендот Audi

Ханделсблат и Дејли Телеграф го наградија брендот Audi

New Audi logo: The brand trademark, the four rings, has now been combined with the brand claim "Vorsprung durch Technik" (September 2009).

Audi е омилен автомобилски бренд за Германците: Тоа беше заклучокот на германската интернет публикација „Ханделсблат“ и на YouGov истражувачкиот институт, кои спроведоа заедничко истражување под наслов „Бренд на годината за 2015 година”.

Резултатите се базираат на вкупно 700.000 интервјуа, а беа опфатени вкупно 735 различни брендови. Ханделсблат ова рангирање го објави по втор пат. По освојувањето на второто место минатата година, оваа година според последното истражување Audi го зазеде првото место.

Audi A3

„Дејли Телеграф“ автомобилски награди – Audi повторно триумфираше

Audi освои три автомобилски награди кои ги доделува британскиот дневен весник “Дејли телеграф”. На церемонијата на доделување награди во Лондон Audi TT Купе беше прогласен за “Најдобар спортски автомобил”, Audi А3 ги освои наградите „Најдобар семеен автомобил” и “Најдобар дизајн на годината”. Читателите ги оценуваа новите автомобили во десет различни категории, каде што беа опфатени повеќе аспекти, но пред се уживањето во возењето. Во секој поглед Audi A3 освои десет од десет поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП