17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве ја новата Kia Cadenza (фото)

Еве ја новата Kia Cadenza (фото)

kadenza kia

Новата „Kia Cadenza“ ќе се појави на светските пазари во текот на следната година. Корејската компанија ги откри првите слики на моделот.

Од нив, станува јасно дека новата „Cadenza“ ќе демонстрира поагресивен, динамичен и модерен дизајн. Од „Kia“ посочуваат дека формите претставуваат освежена верзија на популарниот дизајн на претходната генерација.

kadenza kia1

Што се однесува до внатрешноста, таа е комплетно нова и демонстрира поопширен внатрешен простор, луксуз, префинетост и најголемо ниво на погодност и удобност, се вели во пораката од корејска компанија.

Информации за погонските агрегати недостасуваат, но се очекува новата генерација на „Cadenza“ да користи 2.0-литарски бензински мотор со турбо, како и помоќен мотор со зафатнина од 3,3 литри.

kadenza kia2

Повеќе детали за возилото можеме да очекуваме во следните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП