3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple работи на сервис за мобилни плаќања помеѓу поединци

Apple работи на сервис за мобилни плаќања помеѓу поединци

app

Aмериканската технолошка компанија „Apple“ преговара со банките во САД во врска со можностите за воведување на услуга со која ќе се вршат финансиски трансакции меѓу поединци преку мобилните телефони.

Разговорите се во тек и се уште не се знае дали некоја од банките склучила договор со „Apple“.

Услугата на „Apple“, која би можела да му конкурира на сервисот на „PayPal“ – „Venmo“, ќе им овозможи на корисниците да префрлуваат пари од нивните сметки преку уредите на „Apple“.

Се претпоставува дека оваа услуга ќе биде поврзана со системот на „Apple“ – „Apple pay“, кој им овозможува на корисниците да извршуваат трансакции преку кредитните и дебитните картички со помош на мобилните телефони.

Кога новата услуга би можела да заживее не е познато, но еден извор запознаен со ова прашање вели дека „Apple“ би можела да ја лансира во текот на следната година.

Портпаролот на компанијата одби да ја коментира оваа информација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП