3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook пушти новинска апликација – Notify (фото+видео)

Facebook пушти новинска апликација – Notify (фото+видео)

notify-pairing-222

„Facebook“ започна со дистрибуцијата на новата апликација за вести – „Notify“. Таа ќе ги известува корисниците кога медиумите и сајтовите следени од нив објавуваат содржини.

notify-pairing-399999

Апликацијата е сосема едноставна, така што единствено ќе испрати известување до телефонот, кое ќе се гледа на заклучен екран и во вид на статус лентата. При притискање на нотификацијата таа ќе го води корисникот до неговата страница во самата апликација, од каде ќе може да ја прочита веста.

notify-pairing-14555555

На располагање е опција за зачувување на материјалот за читање подоцна. Се разбира, има и копчиња за споделување на вести на социјалните мрежи. Според „Facebook“, „Notify“ не е уште апликација, туку читач на вести. Со него корисниците ќе можат да се претплатат да добиваат известувања за нови видеа од различни креатори на содржини и дури понуди за промоции од „Groupon“.

notify-pairing-213333333

„Facebook“ смета дека таквата апликација не го спречува „News Feed“ на профилите на корисниците, туку го надополнува. Овој чекор ја следи стратегијата која Марк Цукерберг ја навести уште минатата година дека „Facebook“ ќе им нуди разновидни начини на луѓето да користат и добиваат иста содржина, за да може да одговорат на повеќето можни параметри. Во моментов „Notify“ е достапна само во САД и само за „iOS“, постепено бројот на земјите ќе се зголемува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП