Во Грција нема да има летови на домашните линии, бродовите остануваат на пристаништата, а и јавните служби ќе бидат затворени, причината за тоа е новиот штрајк против мерките за штедење.
Грците не се задоволни од мерките за штедење кои меѓународните кредитори ги бараат во замена за нов пакет на помош.
Во болниците ќе работи само службата за итна помош, а некои државни училишта ќе бидат затворени, затоа што наставниците и учениците, докторите, новинарите и вработените во сообраќајните служби ќе се приклучат на првиот голем штрајк во оваа година, на кој се повикани најголемите грчки приватни синдикати и синдикатите од јавниот сектор.
Штрајкот ќе биде прв тест за премиерот Алексис Ципрас, кој дојде на власт во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на мерките на штедење, а потоа ги прифати непопуларните услови за третиот пакет на помош, под закана за излез на Грција од еврозоната.
Ципрас по два месеци повторно беше избран, со овластување да го спроведе договорот, но и со сериозни потешкотии да ги ублажи неговите последици.