4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку струја трошат полначите кога се оставени на приклучок?

Колку струја трошат полначите кога се оставени на приклучок?

polnaciite

Колку полначите за мобилни телефони, лаптопи или таблети трошат електрична енергија? Дали ќе заштедиме електрична енергија и пари, доколку ги исклучуваме по употребата? Еден странски „IT“ портал се занимаваше на оваа тема и со помош на електричен мерач ги доби конкретните податоци.

Мерниот инструмент го приклучиле во струја, а потоа на него ги вклучиле полначите. Поединечно полначите практично и не трошеле струја. Нормално, кога не ја извршуваат својата функција. Но, кога приклучиле неколку полначи во исто време, веднаш е регистрирана потрошувачка од 0,3 W.

Седум полначи („iPhone“, „iPad“, „Android“, „Nintendo 3DS“, „MacBook“ и „Chromebook“), по оваа пресметка, кога ќе останат вклучени по полнењето на батеријата, за една година трошат 2,628 kWh струја.

Нормално, без оглед на тоа што не трошат премногу струја, би било добро да ги исклучите полначите по завршената фунцкија, што поради безбедносни причини, така и поради штедењето на струја.

Некои претходни истражување покажаа дека град од 100.000 луѓе би можел еден месец да се напојува со струја, кога сите полначи на светот би биле исклучени по полнењето на телефоните, таблетите и другите уреди од приклучоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП