Обожувате тестенини, а сакате да имате совршена линија. Најновото откритие ќе ви овозможи да уживате во тестенините.
Во текот на снимањето на емисијата „Trust Me, I’m a doctor“, направен е експеримент кој случајно довел до сензационално откритие. Кога тестенините ќе ги сварите, па ќе ги оладите и веднаш потоа повторно ќе ги загреете – ќе ги уништите повеќето калории во нив.
Во емисијата на испитаниците им давале тестенини, а после тоа им го мереле нивото на шеќер во крвта на секои 15 минути. Оние кои јаделе свежо зготвени тестенини имале дури двојно поголемо ниво на шеќер, отколку оние кои јаделе исти количини на тестенини кои прво биле оладени, а потоа повторно загреани.
По повторното загревање, скробот во тестенините се однесува како оној во мешунките, бананите или овесот – изјави д-р. Крис ван Тулекен кој е заслужен за необичното но многу важно откритие.
Со други зборови, загреаните остатоци од ручекот или вечерата, барем кога станува збор за тестенините, се поздрави од свежо зготвените. На тој начин се намалува ризикот од дијабетес, како и од дебелина.