21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов руски автомобил - Bilenkin Vintage (фото+видео)

Нов руски автомобил – Bilenkin Vintage (фото+видео)

nov rus

Во последниве години гледаме ревитализација на руските автомобилски производители, најмногу во сегментот на достапните машини. Новосоздадената руска компанија „Bilenkin Classic Cars“, сепак се позиционира во сосема различен сектор, каде што на клиентите на прво место не им е цената, туку опремата и индивидуалноста.

nov rus1

Компанијата, која до сега беше позната како работилница за реставрација на класични автомобили, ги претстави своите нови автомобили на автосаемот во Дубаи. Всушност моделот е само еден и е наречен „Vintage“, но може да биде исполнет во безброј варијации.

nov rus6

Возилото се обложува на класичен дизајн и напредни технологии. Малата руска компанија не направила бесмислени обиди да создаде свои агрегати, технологија или шасија. Наместо тоа се потпреа на докажаната техника на „BMW 3-Series“. Донаторот е претходната генерација на германскиот бестселер – „E92“, а може да се користат како нови, така и користени примероци.

nov rus4

Доколку го погледнеме рускиот „Bilenkin Vintage“ тешко можеме да најдеме сличности со „BMW 3-Series“. Заслуга затоа има и студиото „Cardi“ кое е партнер на „Bilenkin Classic Cars“ и е одговорен за дизајнот на моделот.

nov rus2

Рускиот луксузен автомобил со класичен дизајн се потпира на купе од полимери, а се изработува рачно. Техничкиот дел е целосно аналоген со оној на донаторот кој според конкретната клиентска желба може да биде со бензински или дизел мотор, и погон на задните тркала или 4х4.

nov rus5

„Bilenkin Classic Cars“ располага со работилница, чиј годишен капацитет е 10 возила. Што се однесува до цените, тие се строго врзани со желбите на клиентот. Црниот автомобил на сликите пример чини 130.000 евра, додека тиркизното купе има цена од 250.000 евра.

nov rus7

Компанијата како таргет за свои клиенти не ги има само руските богаташи, туки и барателите на модерни автомобили со беспрекорен класичен дизајн од сите краеви на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП