12 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.11.2015

Дневен хороскоп 11.11.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Во текот на денот не донесувајте никакви значајни одлуки кои се однесуваат на партнерските односи, недвижнини или било кој друг облик на проширување на соработката. Во попладневните часови можете да добиете интересна деловна понуда. Соработката со Рак може да биде прилично дискутабилна.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се до раните попладневни часови не би требало да започнувате било каква важна работа освен ако не морате и ако имате јаснен концепт за она што сакате да го работите. Соработниците во знакот на Бик, Шкорпија или Риба можат да ви бидат од голема корист, особено кога се работи за некој крупен бизнис. Денес е можен поголем трошок.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате многу идеи но не знаете која да ја идеализирате. Можно е да станува збор за некој уметнички проект. Многумина ви замеруваат дека многу зборувате за своите планови и тоа на лица кои не знаат да ве ценат. Подготвени сте да ја подобрите вашата репутација.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес не знаете како да се поставите кон еден Лав кој ви е верен. Се плашите дали еден Бик, Вага или Лав ќе ви простат нешто што сте го кажале во афект. Добро се разбирате со еден Овен или Водолија кои ги поттикнуваат вашите амбиции, особено во доменот на спортот, медиумите или во некои професии во кои е потребно да покажете голема прецизност.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денот ќе ви донесе извесна нервоза и нетрпение бидејќи мора да покажете повеќе разбирање, особено ако се работи за долгогодишен соработник со кој секогаш добро сте се разбирале. Некој кој ви наклонет ќе ви даде до знаење дека на него можете безусловно да сметате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денот неповолно се одразува на уметниците. Бидете подготвени на договор со некој Рак. Преоптеретени сте со размислување за некој проект. Ако сте склони кон обложување, денес не одете на места каде што можете да изгубите поголема сума.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ден полн со неизвесности, особено кога станува збор за соработка со оние кои се претставуваат како ваши пријатели. Деловниот партнер е тврдоглав, а вие уште повеќе. Не дозволувајте никој да ве третира на начин кој е под вашето достоинство. Подготвени сте да поминете преку нечии пропусти.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Борете се со сета сила ако сакате да успеете. Не штедете ја енергијата и бидете трпеливи. Послушајте совет од блиските кои ќе ви помогнат со помалку напор да завршите повеќе работи. Денес не навлегувајте во непотребни конфликтни ситуации, останете смирени, без разлика на големината на проблемот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Неповолен ден, бидете внимателни. Во тмурното расположение кое моментално ве притиска последна работа која ви е потребна е кавгата со блиско лице, но токму тоа е можно да се случи денес. Бидете паметни и возвратете со вистинската мера, говорејќи го она што го мислите за луѓето да сфатат што ве навредува.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе ве измачуваат несредените односи. Ќе бидете таинствени и блиските лица нема да ги известите за вашите намери. Внимавајте што зборувате затоа што семејството може да се најде навредено од некои ваши размислувања. Внимавајте и на возењето, можни се проблеми.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Обидете се да не акумулирате нервоза. Ќе ги забележувате површните и напнатите меѓучовечки односи во својата околина. Би можеле да чуете неповолна работна вест или да страдате од нервоза поради неодговорноста на претпоставената личност. Ќе ви се зголемат обврските во домот и кон семејството.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не сте баш задоволни со својот љубовен живот. Се чини дека оваа недела ќе се повлечете во себе и ќе си размислувате што навистина сакате од вашиот партнер. Потоа ќе ви биде многу полесно да ја донесете конечната одлука. Обидете се на партнерот да му пристапите на пореален начин отколку досега. Не плашете се гласно да кажете кои се вашите чувства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП