5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДенот на самците: Alibaba прегреаа

Денот на самците: Alibaba прегреаа

alibaba nova

Во првиот час од кинескиот „Ден на самците“, „Alibaba“, компанијата за онлајн трговија, продаде производи вредни неверојатни четири милијарди долари!

Вкупно 27 милиони луѓе преку мобилната апликација купувале на „Alibabа“ во првиот час од овој настан.

Само во првите осум минути беа потрошени една милијарда долари, соопшти компанијата.

„Денот на самците“, кој се смета за најголем онлајн шопинг настан се одбележува во Кина на 11-ти ноември.

Само за потсетување, „Alibaba“ минатата година го шокираше финансискиот свет со одличниот старт на берзата во Њујорк, по што извршниот директор на оваа компанија, Џек Ма, стана најбогатиот Кинез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП