23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтајнмаер: ЕУ е на раскрсница поради бегалската и кризата на еврото

Штајнмаер: ЕУ е на раскрсница поради бегалската и кризата на еврото

Frank-Walter-Stein_2811203b

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер оцени во вторникот дека Европската унија е „на раскрсница“ поради кризите со еврото и со бегалците, повикувајќи на повеќе солидарност меѓу земјите членки.

„Кризата на еврото и кризата со бегалците се два удара кои водат кон единствен заклучок – Европа е на раскрсница“, истакна шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнамер на конференцијата на Фондацијата Коербер во Берлин.

Земјите членки сега мора да бидат одлучни дали ќе им подлегнат на националните логики или Европа е „континент кој е солидарен и кој заедно преговара“, додаде Штајнамер.

Германскиот министер за надворешни работи потсети дека изминатово лето, додека излегувањето на Грција од еврозоната стануваше сé поголема закана, Европската унија сметаше дека се „соочува со најголемата егзистенцијална криза“. Меѓутоа, приливот на беглаците и имигрантите од летово наваму и несогласувањето на земјите членки околу начинот на одговорот на оваа невидена криза, се покажаа како уште посериозни. „Европа минува низ најголемото искушение во последните 60 години“, додаде.

Штајнамер, чијашто земја годинава би можела да прими милиони баратели на азил, повторно апелираше на поголема солидарност меѓу земјите од ЕУ во справувањето со оваа криза. „Правото на азил не е само темелно германско право, доколку ме служи паметењето, тоа е темелно европско право“, иронизираше Штајнмаер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП