АВТОБИЗ

Нов суперавтомобил кој пристигнува од Блискиот исток

fenyr 00

Компанијата „W Motors“ претстави нов суперспортски автомобил, пред истиот да ја има светската премиера која е планирана за авто-саемот во Дубаи.

По скапоцениот модел „Lykan Hypersport“, од „W Motors“ пристигнува уште поатрактивниот и побрз „Fenyr Supersport“.

Под лесната алуминиумска конструкција и панелите од јаглеродни влакна се крие шестцилиндарски 4.0-литарски „twin-turbo“ мотор од германската компанија „Ruf“, специјално направен за ова возило.

Според фабричките податоци, моторот развива преку 900 „коња“ и 1.200 Nm максимален вртежен момент, што е сосема доволно да му озвоможи на автомобилот да развие преку 400 km/h.

fenyr 01

Од состојба на мирување до „стотка“, „Fenyr Supersport“ стигнува за само 2,7 секунди.

Како и „Lykan Hypersport“, и новиот модел ќе биде произведен во мала серија, па на купувачите ќе им бидат понудени само 25 примероци, но се уште не е познато по која цена.

Доколку се знае дека претходникот чинеше 3,4 милиони долари и дека „Fenyr Supersport“ има посупериорни перформанси, треба да се очекува дека овој автомобил ќе биде уште поскап.