3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC најви дека наскоро ќе пристигне новиот One X9?

HTC најви дека наскоро ќе пристигне новиот One X9?

hatce 3

Откако го претставија моделот „One A9“, од „HTC“ изгледа се подготвуваат за претставување на нов модел од серијата „One“, кој се очекува да го носи името „One X9“.

Ова име се појавува во информациите кои се појавија на интернет и слика од нов уред. За разлика од моделот „One A9“, новиот „One X9“ се очекува да е со звучници „BoomSound“, кои ги направија моделите на „HTC“ толку популарни.

Се очекува уредот да е од највисока класа. Во овој поглед, екранот најверојатно ќе биде барем 5 инчен и со резолуција од 1.440 x 2.560 пиксели. Процесорот ќе е на „Qualcomm“ – „Snapdragon 820“, или можеби процесорот на „MediaTek“ со десет јадра – „Helio X20“. Другите технички карактеристики вклучуваат 4 GB RAM меморија, 4-мегапикселна предна камера со технологијата на „HTC – UltraPixel“, како и 23-мегапикселна задна камера.

Внатрешниот простор се очекува да има 64 GB со можност да се прошири до 128 GB, а батеријата да е со капацитет од 3.500 mAh. Пред три години тајванскиот производител на смартфони ја претстави серијата „One X“, која се дефинира како една од најдобрите на компанијата.

hatce 34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП