18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru и Toyota заедно ќе ги прават следните BRZ и GT86

Subaru и Toyota заедно ќе ги прават следните BRZ и GT86

su model

„Subaru“ и „Toyota“ ќе ги развиваат заедно следните генерации на моделите „Subaru BRZ“, „Toyota GT86“ и „Scion FR-S“. Ова го соопшти за изданието „Automotive News“, Јасуноки Есинага, претседател на „Fuji Heavy Industries“, која е сопственик на брендот „Subaru“.

Според него веќе е постигнат принципиелен договор, но во него категорично не се одредени роковите во кои треба да се појават новите генерации на возилата. Од „Toyota“ сепак признаа дека нивниот „GT86“ ќе излезе на пазарот во 2018-та година.

Сегашните верзиите на трите модели се произведуваат од 2012-та година, купе со заден пренос и сите делат заедничка платформа, а се нудат со 2.0-литарски мотор тип „боксер“ со моќност од 200 КС. Од трите автомобили, „Scion FR-S“ е достапен само за пазарите во САД и Канада.

Есинага додаде дека има можност моделот на „Subaru“ да пристигне и со хибриден агрегат. Тој ќе биде насочен кон пазарите во државите во кои законодавството предвидува пониски емисии на штетни гасови во новите автомобили. Хибридното купе ќе добие 2,0-литарски бензински „боксер“ и електромотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП