6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNational Bank of Greece ја намали загубата во третиот квартал

National Bank of Greece ја намали загубата во третиот квартал

national bank grece 22

Најголемата грчка банка „National Bank of Greece“ (NBG) предвиде пониска загуба во третиот квартал од 2015-та година во однос на претходните три месеци, бидејќи издвоени резерви продолжуваат да им „тежат“ на финансиските резултати, пишува „Ројтерс“.

„NBG“ загуби 401 милиони евра во периодот јули-септември, наспроти негативниот финансиски резултат во износ од 1,61 милијарди евра во вториот квартал.

Во Грција процентот на нефункционални кредити, кои се со долгови над 90 дена, се зголемува до 33,8% од 32,1% на крајот на јуни.

Во минатата недела „NBG“ соопшти дека ја продава турската единица „Finansbank“. Сметководствената вредност е 3,4 милијарди евра, а понуди за неа ќе се поднесуваат до крајот на ноември.

До продажба дојде, откако стрес тестовите на Европската централна банка открија во „NBG“ 4,6 милијарди евра капитален недостиг.

Грчката банка има направено презентација на средствата на турската поделба пред потенцијалните инвеститори, но од банката не коментираат колку очекуваат да добијат од продажбата.

Потенцијални купувачи веќе изразија интерес, а финалните понуди ќе се поднесуваат до крајот на месецот. „Qatar National Bank“ се смета за фаворит, иако турските „Garanti Bank“ и „Fibabanka“, исто така пројавуваат интерес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП