12 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.11.2015

Дневен хороскоп 10.11.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Цел ден можете да го посветите на разни активности кои можат да ви донесат сатисфакција бидејќи ќе успеете да се договорите со оние кои ви се драги. Можно е да се ангажирате за работа која би можела многу брзо да ви се исплати. Трудете се да останете доследни и да го одржите ветувањето кое сте го дале на некоја Водолија или Лав. Можен е разговор за купување на недвижнини.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Претпладневните часови би можеле да ви донесат многу пријатни моменти, особено ако сте родени на крајот од знакот. Оние кои се родени во првата декада веројатно ќе имаат чувство дека од нив премногу се очекува и дека на некој начин се препуштени самите на себе. Не се двоумете да започнете некоја нова работа, особено со Водолија. Можни се зголемени трошоци кои претерано ќе ве загрижат.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете денес многу практични и подготвени да се ангажирате околу нешто ново или проблемите ќе ги согледувате на многу пореален начин. Би сакале да ја обновите соработката со некои други Близнаци, Риби или Девица поради што ќе го направите првиот чекор кон обновување на односите или ќе ги повикате да ви се придружат во проектот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денот може да ви донесе конкретни разговори за нова работа во вечерните часови со некој со кој добро се согласувате. Ако ви се јави некоја Вага, Бик или Шкорпија, веројатно ќе го прифатите повикот за состанокот. Девицата и Рибите денес се сосема солидни знаци за било каков вид на соработка.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не би требало премногу да се надевате кога станува збор за ветување од некоја Риба или Рак. Доколку не ги потсетите што сте се договарале, верувајте дека нема да се сетат самите. Имате многу нови идеи кои би можеле да ви донесат популарност и да ви овозможат да излезете од анонимноста. На некој му е важно да бидете негов соработник.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Верувате во нечии добри намери и не сакате да се разочарате по ниедна цена. Ако ви се јави некој Јарец со предлог во врска со работа со странци, веројатно ќе сакате добро да размислите за сите можности кои ви се отвораат со тој нов проект. Можно е да ве измачува главоболка.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Очекувате да добиете повик од Рак или Бик, можно и од Девица. Не се откажувајте од своите планови и нема да имате разочарувања. Немојте премногу да се оптеретувате со новите работи. Добро се согласувате со еден Јарец.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Засилената интуиција ве прави подготвени да се впуштите во некој нов проект но само ако имате поддршка од некој Јарец, Бик или Девица. Имате голема потреба за безбедност. Некој Близнак може да ви помогне да го најдете излезот од моменталната ситуација, која за вас е прилично неповолна.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Амбицијата ви е исклучително нагласена и чувствувате дека дошле вашите пет минути. Многу нешта кои се случувале во минатото конечно започнуваат да добиваат стабилен опис. Ве оптеретува чувството за некоја неправда која ви е направена, најдобро би било да го заборавите тоа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот ви носи некои нови средби и контакти со оние кои секогаш ве поддржувале. Не сакате да правите компромиси со оние кои не ви одговараат на ниту еден начин. Не дозволувате никој да ве критикува, без оглед дали е близок пријател или само познаник. Кон повеќето лица сте повеќе од фер.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате многу нешта за кои би разговарале со некој Лав, Рак или Девица и поготвени сте на отстапки кога станува збор за работа со странци. Не сакате премногу да се ангажирате за работите кои не ви носат прилично добра финансиска корист. Сакате што порано да го видите резултатот од своите напори.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Нагасено е астролошко поле за странство и кариерата поради кое ќе бидете најверојанто подготвени да влезете со голема страст во новите деловни аранжмани. Месечината ви одговара кога станува збор за некој нов проект во рамките на партнерските односи и тоа добро платен. Ќе бидете повеќе од задоволни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП