20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Златната кокошка“ на Renault се пофали со 3,5 милиони продажби

„Златната кокошка“ на Renault се пофали со 3,5 милиони продажби

kokoska 3309

„Златната кокошка“ на „Renault“, како од пред некое време беше одредена романската марка „Dacia“, продолжува да несе „златни јајца“. Брендот се пофали со продажба од 3,5 милиони возила во Европа и Медитеранскиот басен постигнати за период од приближно 10 години.

Јубилејниот продаден автомобил на пазарот е моделот „Sandero Stepway“, порачан од клиент во Англија. Тоа е дамата Џоди Панов, кој при неодамнешната посета на Турција го забележала моделот и многу и се допаднал. Малку потоа го посетила застапништвото „Mill Lane Dacia“ каде го нарачала возилото, се вели во пораката од „Dacia“.

„Денес го предаваме клучот од 3,5-милионитиот примерок на „Dacia“. Многу сум среќен што тоа се случува во Велика Британија, каде брендот беше лансиран во 2013-та“, изјави Денис ле Вот, постар заменик претседател за Европа на „Groupe Renault“.

Постигнувањето на јубилејот е само еден од поводите за гордост на Романците. Откако пред 2 години брендот ја реновираше својата палета на модели, продажбата постојано расте. Во првата половина на 2015-та година, имплементацијата на „Dacia“ се зголемија за 10,1% до 290.024 примероци, покажуваат официјалните податоци. Продажбата во Европа се зголеми за 5,5% во првата половина на годината, достигнувајќи 205.436 примероци. Во Франција, „Dacia“ цврсто останува на 5-то место на пазарот на патнички автомобили со 5,3% удел на пазарот, како бренд е 4-та при продажбата на автомобили на мало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП