4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави наследникот на моделот Ascend G7

Huawei го претстави наследникот на моделот Ascend G7

g7 ascend

Најбрзо растечкиот светски производител на паметни телефони – кинеската компанија „Huawei“ претстави нов модел од средната класа.

Моделот „Huawei G7 Plus“ се јавува како наследник на популарниот минатогодишниот модел „Ascend G7“. Околу 90% од куќиштето на смартфонот е од метал, а останатите 10% се пластика, користена да го покрие делот кај што се антените на уредот.

Смартфонот е со 5.5-инчен дисплеј со „Gorilla Glass“ стакло, со резолуција од 1.080 пиксели. Процесорот е осумјадрен „Qualcomm“ – „Snapdragon 615“ со фреквенција од 1.5 GHz, а камерата е 13-мегапикселна со двоен „LED“ блиц. Предната камера е од 5 мегапиксели.

g7 ascend1

Оперативната меморија на овој уред е 3 GB, а внатрешната е 32 GB. Батеријата е со капацитет од 3.000 mAh. Смартфонот ќе ја добие новата верзија на „Android“ – „Android 6.0 Marshmallow“ во февруари следната година.

Во оваа фаза уредот ќе биде достапен само во Тајланд, но наскоро ќе се појави и во многу други земји во светот, според ветувањата на производителот. Цената ќе биде околу 330 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП