5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХоландската ABN Amro со раст на профитот до 509 милиони евра

Холандската ABN Amro со раст на профитот до 509 милиони евра

abn amro 334

Национализираниот холандски кредитор „ABN Amro Group NV“, кој оваа година се подготвува за продажба на акции, забележа подобар профит за изминатиов квартал, поради ниските отписи од лошите кредити, објави „Bloomberg“.

Главната нето добивка, која исклучува еднократни ефекти, е зголемена до 509 милиони евра од 450 милиони евра пред една година, соопшти компанијата со седиште во Амстердам.

„Презентацијата на резултатите од кварталот, изгледите пред холандската економија и фактот дека подготовките за ИПО (IPO) на банката оди според планот, ни воведува доверба за во иднина“, рече главниот извршен директор Герит Залм.

Холандската влада, која ја презеде „ABN Amro“ како дел од спасувачкиот план пред седум години, изјави дека планира да продаде акции на доверителот од Амстердам во четвртиот квартал од годината. Приходите ќе одат за државата, која се обидува да врати дел од сумата од 22 милијарди евра која ја вложи за спасување на доверителот.

Банката се обидува да привлече инвеститори со реорганизација и намалување – преструктуирање, кое и помогна на банката да го забележи најпрофитабилниот квартал, откако беше спасена. „ABN Amro“ објави во септември дека планира да исплати 50% од добивката во форма на дивиденди во 2017-та година во однос на 40% во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП