7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве го првиот сериски кабриолет на Range Rover (фото+видео)

Еве го првиот сериски кабриолет на Range Rover (фото+видео)

evoge 00

„Land Rover“ ја претстави отворената верзија на кросоверот „Range Rover Evoque“. Тоа е и првиот сериски кабриолет во историјата на „Range Rover“.

evoge 01

Моделот е опремен со мек платнен покрив кој се собира зад вториот ред седишта. Процесот за поставување и собирање на покривот е целосно автоматизиран. Тој се собира за 18 секунди и се крева за 21 секунда, а секоја од овие активности може да се случи до брзина од 48 км / ч.

evoge 02

Независно од положбата на покривот обемот на багажникот на „Range Rover Evoque Convertible“ е 251 литри. Кај моделите со 5 врати кај стандардниот модел обемот е 575 литри, а кај онаа со 3 врати е 550 литри.

evoge 03

Отворениот теренец е опремен со систем за заштита на патниците при превртување. Тој претставува два алуминиумски „ролбара“ скриени во задниот дел на каросеријата.

evoge 04

Во основната опрема на „Range Rover Evoque Convertible“ е вклучен и нов мултимедијален систем „InControl Touch Pro“ со 10,2-инчен дисплеј, а исто така и систем за измена на режимите на владејачката електроника „Terrain Response“.

evoge 05

Моделот доаѓа со избор од два мотори – бензинец и дизел. Тие се 4-цилиндрични од семејството „Ingenium“ и имаат волумен од 2,0 литри. Бензинскиот развива 240 КС, а дизел – 180 КС. И двата агрегатит работат со 9-степен автоматски менувач ZF.

evoge 07

Продажбата на „Range Rover Evoque Convertible“ стартува во пролетта од 2016-та година, а моделот ќе се нуди на 170 пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП